Се фотографираше целосно гола за ‘Денот на вљубените’ а денес веќе е во нова љубовна авантура! Социјалните мрежи ‘горат’ поради животот на најубавата манекенка (фото/видео)

Пејачот Хари Стајлс (29 г.) е забележан како страсно се бакнува со една од најубавите манекенки во светот, Емили Ратајковски (31 г.) на улиците на Токио.

На новиот пар не им пречеле случајните минувачи кои ги снимиле, а видеото веќе на големо се споделува на социјалните мрежи. Стајлс и Ратајковски се во Јапонија бидејќи пејачот е на сред турнеја, а нивната размена на нежности ја фатил случаен минувач.

За „Денот на вљубените“, Емили сподели фотографија со комичарот Ерик Андре (39 г.) на која и двајцата позираат голи. Андре позираше на црн кауч со стикер во вид на срце што му го покрива меѓуножјето. Во огледалото зад него стоеше Емили целосно гола. Можеби сепак на нивната љубов и дојде крајот многу рано ?

Емили Ратајковски и Ерик Андре

Обожавателите не беа премногу воодушевени и веднаш коментираа на социјалната мрежа Твитер дека нивниот бакнеж е непријатен за гледање.

Колку агресивно го бакна. Ова изгледа многу неприродно“, напишале обожавателите под видеото, а некои веќе шпекулираат дека не се работи за љубовна врска, туку за авантура.

Инаку, пејачот по две години брак раскина со актерката Оливија Вајлд (39 г.), а се шпекулираше дека поради Хари таа го оставила сопругот Џејсон Судеикис (47 г.). Поради големи расправии, тепачки и драма, таа и Хари на крајот се разделија.

И Емили е „тазе разведена“, пред шест месеци таа го остави сопругот Себастијан Бур Меклард затоа што ја изневерил повеќе пати, пишува Daily Mail. Поранешниот пар го имаат заедно синот Силвестер Аполо (2 г.).

Што ќе се случи со љубовната авантура на Хари и Емили, можеме само да претпоставуваме…