СЗО испраќа стручни тимови и авиони со медицинска опрема во Турција и Сирија, расте бројот на жртви

Светската здравствена организација  испраќа стручни тимови и авиони со медицинска опрема во Турција и Сирија кои беа погодени од разорните земјотреси.

Организацијата ќе испрати делегација на високо ниво за координирање на помошта и три авиони со медицински материјали, од кои еден е веќе на пат за Истанбул, соопшти шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на брифинг. 

Според последните податоци, повеќе од 11.700 луѓе загинале во земјотресот, а СЗО проценува дека таа бројка може да достигне 20.000. Илјадници други се повредени, а сирискиот здравствен систем е на колена по години војна во земјата. Претставникот на СЗО во Турција изјави дека во земјата има повеќе од 53.000 повредени и тресењето на земјата се уште трае.

СЗО веќе одобри три милиони долари како почетна помош.