СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ РУСИЈА: Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е забележан во близина на Курилските острови

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала рано утрото погоди дел од Русија.

Епицентарот на земјотресот е откриен во близина на Курилските острови, на длабочина од 68 километри.

Засега нема детални информации за жртви и материјална штета.