Симптомите на леукемија кај децата често се едвај забележливи. Еве како да ги препознаете

Тие обично се развиваат бавно, но оние кои укажуваат на акутна леукемија може да се појават одеднаш. Исто така, некои симптоми лесно се мешаат со симптоми на вообичаени детски болести, пренесува Healthline. Како што објаснуваат педијатрите, некои од следните симптоми не мора да значат дека детето има леукемија. Вообичаени симптоми на леукемија кај децата вклучуваат:

  • чести модринки
  • стомачни болки
  • послаб апетит
  • тешкотии со дишењето
  • чести инфекции
  • оток
  • болки во коските и зглобовите
  • анемија.

Овие симптоми не мора да значат присуство на леукемија, објаснуваат педијатрите, но раната дијагноза и навременото лекување може да го подобрат исходот на болеста.