Синот на Роналдињо потпиша за Барселона

Жоао Мендеш, син на прославениот бразилски фудбалер Роналдињо, му се приклучи на каталонскиот гигант Барселона за кој пред деценија и пол со голем успех настапуваше неговиот татко.

Мендеш (18) тренираше во фудбалската академија на бразилски Крузеиро до минатата година кога го раскина договорот.

Каталонскиот клуб соопшти дека Мендеш ќе настапува за младинскиот состав на Барселона, не наведувајќи повеќе детали од договорот.

Мендеш доаѓа во Барселона 15 години откако неговиот татко го напушти тимот од „Ноу Камп“.

Роналдињо дојде во Барселона во 2003. од ПСЖ, една година откако со Бразил ја освои светската титула.

Во дресот на Барселона легендарниот Роналдињо освои две титули во Шпанија, како и Лигата на шампиони во 2006 година