Сириецот се жртвувал за да го спаси животот на помалиот син, го заштитил со своето тело: Снимка од спасувањето од урнатините која го “крши срцето” (ВИДЕО)

Отпрвин спасувачите мислеле дека и второто дете е мртво, но кога го извлекле на светлина, момчето ги отворило очите.

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија надмина 20.000. Спасувачките операции се во полн ек, но надежта за затрупаните под урнатините се намалува. Сепак, некои чуда сè уште се случуваат и некои преживеани излегуваат од купот бетон.

Неверојатна приказна за родителската жртва доаѓа од Сирија, од градот Африн, каде што спасувачите почнале да откопуваат мртов човек. Со него беше и неговиот син. Тие ги оддалечиле парчињата бетон и прашината и ги извлекле нивните безживотни тела. Но дури тогаш спасувачите забележале уште едно помало момче како седи во скутот на неговиот татко.

Најпрвин мислеле дека и другото дете е мртво, но кога го извлекле на светлина, момчето ги отворило очите. Неговиот татко го заштитил со сопственото тело и се жртвувал за да го спаси животот на неговиот син.

Спасувачите биле многу изненадени и момчето веднаш го пренеле во болница.

Погледнете го неверојатното видео: