СКАНДАЛ НА ВЕКОТ : На Барселона и се заканува исфрлање од Европа

 Шпанското Јавно обвинителство изнесе три обвиненија на адреса на Фудбалскиот клуб Барселона кои вклучуваат корупција и несовесно работење, пренесува Би-Би-Си.

Ова доаѓа откако Обвинителството поведе истрага минатиот месец против Барселона по повод уплата на околу 1.4 милиони евра на фирма во сопственост на потпретседателот на Судиската комисија на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), Хозе Марија Енрикес Негреиро.

„Фудбалскиот клуб Барселона одржувала строго доверлив устен договор со Хозе Марија Енрикес Негреиро што вклучувало, тој во својство на потпретседател на Техничкиот арбитражен комитет (ЦТА) и во замена за пари, да спроведува активности кои имаат за цел корист за ФК Бараселона при поедини судиски одлуки“, соопшти шпанското Јавно обвинителство.

Барселона, од своја страна, тврди дека плаќала за технички извештаи за судењата, но оти никогаш не се обиделе да влијаат врз одлука на арбитер.