Славески: До крајот на годината се очекува ново задолжување во странство

Трајко Славески, поранешен министер за финансии, во емисијата 24 Хапур на ТВ 24 рече дека за да се затвори потребата од финансирање, морало да се издаде еврообврзницата. Јавниот долг е пет пати поголем од времето кога тој беше министер за финансии.

„Добар дел од буџетскиот дефицит кај нас се финансира и со странско задолжување, а секој буџетски дефицит го зголемува јавниот долг на државата. Можеби е подобро да се задолжувате на подолг рок, особено кога станува збор за отплата на стари долгови. Тоа е реструктуирање на долгот и ако го реструктуирате, тоа го олеснува товарот за отплата. До крајот на годината се очекува ново задолжување во странство доколку се реализира проектираниот буџетски дефицит од околу 700 милиони евра и во зависност од можностите за внатрешно задолжување кое станува се поскапо“, рече Славески.