Снежни врнежи го зафатија северот на Сирија

Снег од вчера паѓа во повеќе сириски градови како Азаз, Ал Баб, Чобанбеј, Џарабулус и Африн

Бран снежни врнежи ги погодија северните делови на Сирија, што дополнително им го отежна животот на бегалците во таа земја погодена од војна, но децата и во такви ситуации уживаат во играта и зимските радости.

Снег од вчера паѓа во повеќе сириски градови како Азаз, Ал Баб, Чобанбеј, Џарабулус и Африн.

Станува збор за региони под контрола на сириската опозиција, кои со операциите на турските безбедносни сили беа ослободени од терористичката окупација на ДЕАШ и ПКК.

Врнежите им донесоа дополнителни проблеми на бегалците кои живеат во стотици кампови, каде што условите за живот се и онака тешки.