СНИМКА НА МОМЧЕ (2) ОД РУШЕВИНИТЕ ГО ЗАОБИКОЛИ СВЕТОТ: Бил заглавен 44 часа, му давале вода од КАПАЧЕ! Очи полни со солзи, но тој НЕ СЕ ПРЕДАДЕ 

По разорниот земјотрес што се случи на границата меѓу Турција и Сирија , а во кој според последните проценки загинаа повеќе од 9.400 луѓе, од овие две земји доаѓаат болни и шокантни сцени од спасување на преживеани.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во следните три месеци во 10-те региони најтешко погодени од земјотресите .

Како што претходно објавивме, мрежите беа преплавени со болни сцени на луѓе погодени од катастрофата, вклучително и Сириец кој загуби 12 членови од своето семејство и чии солзи ги допреа сите.

На мрежите се шират многу сцени на успешни спасувања, па објавено е и видео од малото момче (2) по име Мухамет, кое поминало 44 часа под урнатините.

На видеото може да се види како спасувачите му даваат вода на исцрпеното момче од капаче од шише за време на спасувањето.

Како што се наведува во објавата на Твитер, станува збор за момче од Сирија кое во тој момент било во Турција.

Повеќе од 9.400 луѓе загинаа во земјотресот и стотиците последователни потреси што ги погодија Турција и Сирија.

Експертите предупредија дека напорите за спасување стануваат отежнати поради екстремно студеното време во Турција и Сирија, додека некои не можат да пристапат до сите области на катастрофата – што предизвикува страв за многумина заробени под урнатините.

Потоа следеше пад на температурите под нулата, што ја загрозува потрагата по преживеани од двете страни на границата.