Собранието ги верификуваше оставките на Тупанчески, Нуредини, Рендевски, Нухиу

Собранието на Северна Македонија денеска ги верификува оставките на министерот за правда Никола Тупанчески, министерот за животна средина Насер Нуредини, заменик министерот за здравство Владимир Рендевски и заменик министерот за правда Агим Нухиу. 

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека Тупанчески, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги елаборираат нивните оставки пред пратениците. 

Напоменувам дека Тупанчески, Нуредини, Рендевски и Нухиу повеќе не се на функција“, истакна Џафери.  

Пред почетокот на седницата, пратениците со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија.