СОБРАНИ ИЛЈАДНИЦИ КРИТИКИ- Според експертите, таа го имала најсовршеното лице на светот, а многумина сега не ја препознаваат

Иако беше позната како една од жените со најсовршено лице врз основа на анализата што ја направија експертите според теоријата на златниот пресек, омилената холивудска актерка ги изненади сите со својот изглед при последното појавување во јавноста.

Оскаровката Натали Портман гостуваше во „The Late Late Show“ со Џејмс Корден, каде што зборуваше за нејзиниот нов документарен филм од три дела на HBO наречен „Angel City“ за лансирањето на женската фудбалска лига во Лос Анџелес, но нешто друго го привлече вниманието на гледачите.

Се чини дека 41-годишната актерка по примерот на другите колеги посегнала по филери и ги наполнила јаготките со хијалуронска киселина и го корегирала носот.

„Имаше толку уникатна убавина, не можам да верувам дека се претвора во иста како и сите други“, „Толку убаво, софистицирано лице за да си го направи ова“, „Што правеше таа со лицето?“, Таа има тотално ново лице“, „Изгледа како Деми Мур“, „Не би знаел кој е да не напишеш“, се коментарите кои се раширија на социјалните мрежи по шоуто.

Инаку, Натали поради својата природна убавина се најде на листите за најубави жени на светот, а многумина и се восхитуваа бидејќи барем до неодамна не правеше естетски зафати.