Сообраќајка во село Арнакија, повредени се 14-годишниот возач и неговите другари врсници

– Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска околу 1:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај бензинска пумпа во село Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 14-годишник од Скопје и патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(19) од Скопје, кој го напуштил местото на несреќата.

– Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „пежо“ и неговиот 14-годишен сопатник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека уште еден 14-годишен сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Од МВР информираат дека за настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.