Со Априлскиот коњички турнир денес ќе биде отворена сезоната 2023

 Во организација на Федерацијата за коњички спорт и клубот Анималс, денес со Априлскиот турнир ќе биде отворена новата натпреварувачка сезона во овој спорт.

Воедно, ќе биде одржано и 1. коло од Отвореното лига првенство.

На програмата се три натпревари во прескокнување пречки со висина од 0,7 – 1,3 метри. 

Натпреварите ќе се одржат на теренот на КК Анималс во скопско Идризово со почеток во 11 часот.