Со цртање графити во шатори, децата ја лечат траумата од земјотресот (ФОТО/ВИДЕО)

Сликањето мурали на ѕидовите на урнатините е добро осмислена терапија и забава за илјадници деца кои се сместени во шаторски населби откако останаа без своите домови во разорните земјотреси што ги погодија јужните региони на Турција на 6 февруари, јавува Анадолија.

ВАЖНА ТЕРАПИЈА

Програмата за курсеви за цртање графити се спроведува во областа Ислахије и Газиантеп под покровителство на Министерството за млади и спорт на Турција, а проектот го води уметникот и учител Шенол Каракаја.

Каракаја рече дека ја дизајнирале оваа активност на работилницата и ги учат децата да цртаат графити како терапија за да им помогнат да ја надминат траумата и да помогнат во менталниот развој по проблемите што ги имаат по земјотресот.

Децата се плашат да излезат надвор

– Ги сликаме ѕидовите за да ги допреме душите на децата, да им донесеме насмевки на лицата и да им ги залечиме раните. Гледаме дека тоа се деца кои се несигурни и се плашат да излезат, но се радуваат кога доаѓаат овде и си играат со боите – рече тој.

Нагласувајќи дека целта им е да го одржат моралот и мотивацијата кај децата на високо ниво, Каракаја рече дека секојдневно работат со групи од 50 деца.

– Работиме на визуелни елементи што би им овозможиле на децата во својата имагинација да ја отворат вратата на новиот свет, а не на траумата од овој земјотрес – заклучи Каракаја.

Галерија: