СРБИНКА СЕ ОБИДЕ ДА ГО УБИЕ МАЖОТ ВО РОТЕРДАМ! Специјалците го опколија со пушки и фантомки, човекот ИТНО е префрлен во болница

Злосторството се случило во семејната куќа.

Србин (46) бил тешко ранет во Ротердам од три години помладата сопруга, која пукала во него во семејната куќа во која биле и нивните три деца, како и едно дете кое било кај нив.

Злосторството се случило во семејната куќа, а  Србинката веднаш била уапсена .

– Ранетиот сам се јавил на итната помош ноќта меѓу саботата и неделата околу 04:30 часот. Веднаш бил префрлен во болница, а специјалците со штитови упаднале во куќата и ја уапсиле неговата сопруга. Надлежните служби се грижеа за децата – објавија холандските медиуми.

Ги пријавиле и изјавите на соседите, кои рекле дека виделе тешко ранет маж како лежи на земја, а покрај него шета куче. Соседот кој го посвоил миленикот рекол дека се обидел да влезе во куќата за да му набави храна на животното, но наишол на сцена како од филмовите.

-Подоцна видов како мажот го однела брзата помош, а жената полиција. Ги замолив полицајците да влезат во куќата, да набават храна за кучето, бидејќи нормално немам дома, но не ме пуштија бидејќи куќата беше полна со полицајци. Форензичарите носеле бели костуми, во близина на куќата бил поставен контејнер,  специјалци со пушки и фантомки ја опколиле  и го пребарале секој дел од неа – изјавиле соседите на брачната двојка од Србија.