Србија доби подарок од Европската Унија вреден 600 милиони евра

Донацијата од Европската унија за реконструкција на железницата е најголемата поединечна неповратна помош за проекти што Србија досега ја добила од ЕУ, велат од Демостат.

Најавената донација ќе следи по договорот за пакетот енергетска поддршка на Европската унија за Србија, вреден 165 милиони евра, што беше потпишан минатата недела со Електромреже Србија.

Договорот за реконструкција на пругата, кој ќе чини вкупно околу 2,2 милијарди евра, ќе биде потпишан на крајот на февруари, а се очекува на церемонијата да присуствуваат и претставници на српската влада, како и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, изјави Делегацијата на ЕУ за Демостат.

Водечкиот финансиер на реконструкцијата на пругата Белград-Ниш е Европската инвестициска банка, која на Србија и’ одобри заем од 1,1 милијарда евра.

Европската банка за обнова и развој издвои 550 милиони евра, а дел ќе се финансира од државниот буџет на Србија.

Реконструкцијата на 230-километарската пруга Белград-Ниш е еден од најзначајните железнички проекти во Србија, а кога железницата ќе биде завршена во 2029 година, возовите ќе можат да се движат со брзина до 200 километри на час, според Демостат. .