Средбата на Курти со Вучиќ без резултат: Се среќаваме во Скопје на 18 март

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со претставниците на ЕУ и со премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека е договорено разговорите да продолжат во следниот период и оти Следниот состанок ќе биде на 18 март во Северна Македонија.

„Имавме вообичаена тешка средба. Продолжуваме и во следниот период. Верувам дека во наредниот период ќе има уште многу разговори“.

„Како што разбрав, треба да се видиме на територијата на Северна Македонија на 18 март, кога високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, ќе го посети регионот“, изјави Вучиќ за новинарите.