Средба на лидерот на ДУИ, Ахмети со грчката амбасадорка, Софија Филипиду

Претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција, г-ѓа Софија Филипиду.

На средбата Ахмети и Филипиду разговараа за скрининг процесот и евроинтеграцискиот пат на нашата земја, проевропскиот фронт и процесот на уставни измени, како и за спроведувањето на Преспанскиот договор и за состојбите во регионот.

Интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилност и просперитет во овој дел од Европа, а Грција продолжува да ја дава својата поддршка за заокружување на интегративниот процес.

Ахмети истакна дека процесот на измена на Уставот треба да се одвива преку широк консултативен процес, кој веќе е започнат и во кој се вклучени експерти, граѓанскиот сектор, политичките партии и универзитетските професори, измени кои се неопходни поради фактот што тие се услов за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија.

Грција е силно посветена на поддршката на европската интеграција на Република Северна Македонија преку целосна имплементација на Преспанскиот договор.