Средба на претседателите на Уставниот суд и на Здружението на судии

– Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари работна средба со претседателот на Здружението на судиите Џемали Саити, на која се разговараше на повеќе теми кои се во насока на формализирање на можните облици на соработка кои ќе бидат основа за размена на искуства за унапредување на транспарентноста, преку која се воспоставува пракса на презентирање на точни и вистинити информации во јавноста, што е нужен елемент за градењето на перцепцијата за владеењето на правото, информираат од Уставниот суд.Кацарска истакна дека Уставниот суд презема активности кои ја зголемуваат транспарентноста и во последниот период е зголемено нивото на соработка со медиумите.

Таа посочи дека советникот за односи со јавноста на Судот има континуирана комуникација со новинарите, редовно се одржуваат брифинзи, прес-конференции и изјави за актуелни предмети.

Од Уставниот суд известуваат дека Саити ги презентирал тековните проекти и активности на Здружението на судии, кои се во насока на зголемување на квалитетот на правдата и унапредување на транспарентноста и отвореноста