СРЕЌЕН КРАЈ – Заболела од рак, и ги отстраниле јајниците и мислела дека никогаш нема да стане мајка, а потоа се случило чудо: “Го добив мојот син…“

Стејси Бродмидоу (38 г.) родила машко бебе откако и ги отстраниле јајниците за време на борбата со исклучително ретката форма на рак. Во 2017 година и било дијагностициран ПМП, а шансите да заболи некој од оваа болест се една во милион. Стејси ја победи болеста и успеа да го роди биолошкиот син Хари, со јајце клетки кои ги замрзнала помеѓу операциите, пишува Sky News.

Бебето е родено иако статистиката не била на нејзина страна, а само два ембриони биле погодни за ИВФ третман. Првиот обид заврши со спонтан абортус, па сите надежи ги положи на последното јајце кое го роди Хари.

Еден од првите симптоми што Бродмидоу ги забележала е остра болка во близина на слепото црево, набрзо проследена со крвав исцедок помеѓу менструацијата. Контактирала општ доктор кој ја отфрлил можноста за бременост и закажала преглед на ултразвук. Понатамошните тестови покажале дека има поголема количина на течност во матката.

Таа била упатена во Фондацијата Christie NHS Trust во Манчестер – најголемиот и најнапредниот центар за рак во Европа. По прегледот и евалуацијата, онкологот ја известил дека се сомневаат во ПМП и дека може да ги изгуби јајниците.

Бев апсолутно уништена, првото нешто што помислив е дека никогаш нема да бидам мајка и да го остварам сонот што отсекогаш го посакував“, изјави Стејси за споменатиот медиум.

Направена била операција, а веднаш по првата операција дознала дека ќе и треба уште една. Операцијата траела осум часа, при што и биле отстранети слезината, жолчниот меур, јајцеводите и двата јајници. Ова било проследено со хипертермичка хемотерапија на абдоменот за да се убијат сите преостанати туморски клетки.

Имав среќа што успеав да ги складирам потребните работи помеѓу две операции. Тие успеаја да добијат 17 јајници, за што сум многу благодарна. Хари е апсолутно чудо“, кажала таа.

Во 2021 година започнал процесот на создавање бебе, од 17 јајници, од кои само осум биле употребливи по одмрзнувањето. Од тие осум, само две клетки можеле да се оплодат, што значи дека таа имала само два ембриони. Првиот обид завршил со спонтан абортус.

Мислев дека никогаш нема да имам дете, но му дадов шанса на последниот ембрион. Секој пат кога ќе го погледнам Хари си мислам колку сум среќна. Го нарекувам мојот мал Немо затоа што во филмот “Finding Nemo“ тој беше последното мало јајце кое остана. Тој е моето мало чудо“, рекла мајката.