СРЕЌНИ МОМЕНТИ- Сопругата на Марк Ентони сподели видео од нивната венчавка, пејачот беше обземен од емоции

Манекенката Надија Фереира (23) неодамна се омажи за пејачот Марк Ентони (54) во Мајами и на Инстаграм сподели видео од церемонијата.

Го обземаа емоции кога ја виде како оди кон олтарот и заплака. Присутни беа бројни познати личности, меѓу кои: Викторија и Дејвид Бекам, Салма Хајек, Малума, Луис Фонси и други.

Младенците сакале да ја зачуваат својата приватност, па медиумите не биле поканети. Двајцата почнаа да се забавуваат во март минатата година, а се верија два месеци подоцна.
Многу корисници на социјалните мрежи ја критикуваа нивната врска бидејќи таа е 31 година помлада од него. Сепак, негативните коментари се игнорираат.

Зад себе има три брака: со Дајана Торес (од 2000 до 2004 година), со Џенифер Лопез (од 2004 до 2011 година) и со Шенон Де Лима (од 2014 до 2017 година). Од бракот со Дајана ги има синовите Кристијан и Рајан, а со Џенифер близнаците Макс и Ема.