Српската влада донесе одлука за соработка на Лесковац со Струмица и на Лебане со Кривогаштани

 – Српската Владаа на денешната седница донесе одлуки за соработка на повеќе општини во Србија со општини и градови во други земји, меѓу кои е и соработката меѓу градот Лесковац со градот Струмица и општината Лебане со Кривогаштани во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Градот Лесковац ќе воспостави соработка со општина Струмица, Република Северна Македонија, во областа на економскиот, деловниот и научно-техничкиот развој, социјалната заштита, образованието, културата и спортот, се наведува во соопштенито.

Членовите на Владата денеска донесоа одлуки за соработка и на општина Лебане со општина Кривогаштани во Северна Македонија во областа на економијата, образованието, спортот, културата, екологијата, информатичката технологија, туризмот, како и воспоставување на прекугранична соработка според проектите на европските фондови.