Стефковски: Продолжува градежната офанзива во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека продолжува градежната офанзива во Гази Баба. Тој на својата официјална фејсбук страна соопшти дека е асфалтирана улицата што води кон поликлиниката во Ченто, но и во следниот период, како што наведува, голем број улици ќе бидат асфалтирани.

-Времето на лажни ветувања е завршено. Денес зборот важи и се исполнува. Со асфалтирањето на оваа улица обезбедуваме услови за полесен и побезбеден пристап до поликлиниката и за граѓаните но и за јавните служби на Брзата помош. Имаме план и програма кои ќе донесат подобри услови за живот на сите граѓани во општина Гази Баба, пишува Стефковски.