Стигна налог за нејзино апсење – Марија Шерифовиќ потврди: Свесна е дека може да заврши во затвор

Една од најпопуларните пејачки на овие простори, Марија Шерифовиќ, ги загрижи обожавателите кога во својот блог откри дека е распишана потерница за нејзино апсење.

Оваа вест ја дозна токму кога се враќаше од патувањето. Непотребно е да се каже колку на пејачката и било непријатно откако ја дознала оваа информација.

-Од МВР добив информација дека од одреден суд стигнала потерница за мое апсење. Сакам веднаш да истакнам дека сум совесен и одговорен возач. Освен што понекогаш, точно е, не ставам појас кога снимам блогови затоа што ми е тешко да го држам воланот и менувачот и телефонот, а тоа се две минути и потоа се врзувам. Второ, немам никакви прекршоци, никогаш не сум правела проблеми, колку стареам, поспоро возам, па сега ќе видам дали ќе одам во затвор. или не – објасни Марија, чии зборови ги следеше и нејзиниот возач Милош.

Марија проговори и откако го напушти судот. Таа објасни дека всушност не се работи за сериозен прекршок, но дека не добила покана и дека требало да потпише одредени документи.

– Многу работа за ништо, но многу пријатно искуство, не одам често на судови. Прекрасни дами, убаво ги поминавме тие 10, 15 минути – задоволно истакна пејачката.