Столтенберг: Алијансата не се откажува од политичко решение на судирите во Косово

 – Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, денес изјави дека праќањето дополнителни трупи на Косово не значи дека Алијансата се откажува од можното политичко решение за тековните судири.

Столтенберг го кажа ова пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во главниот град на Норвешка, Осло.

Одговарајќи на прашањето на Анадолу дали праќањето дополнителни 700 војници на НАТО во Косово и одржувањето баталјон подготвен во случај на дополнителна потреба значи дека Алијансата очекува судирите да се претворат во поголем конфликт во Европа по руската војна во Украина, Столтенберг рече: „Ова не значи дека НАТО се откажува од политичко решение.“

Тој додаде дека праќаат војници за да помогнат во деескалирањето на тензиите и дека баталјонот е во подготвеност во случај да се влоши ситуацијата.

Тензии го зафатија Косово со судири на демонстранти и безбедносни сили во северните општини во кои доминира српско население поради изборот на градоначалници етнички Албанци.

За време на судирите беа повредени најмалку 30 војници на НАТО, додека над 53 цивили се повредени од шок-бомби и солзавец, соопштија болнички извори.