СТРАШНА СЦЕНА! Молк во салата – Најсилниот човек на планетата доживеа опасна повреда: Се слушнал само стравичен звук кога тој се обидел да собори голем рекорд (видео)

Хафтор Бјорнсон, носител на бројни рекорди во кревање тегови и човек за кој се верува дека е еден од најсилните во светот, доживеал страшна повреда кога се обидел да собори рекорд.

Човекот кој во јавноста е познат како „Планината“ од познатата серија „Game of Thrones“, се обидел да крене 252,5 килограми од клупата и доживеал неверојатна повреда.

Тој прво подигнал 230 килограми, потоа 240, а се обидел да крене и 252,5 килограми. Меѓутоа, во моментот кога го подигнал товарот, се слушнал звук од пукање на мускулите во градите и морничав крик.

Тој некако успеал да ја задржи шипката додека неговите помошници не притрчале да му помогнат и да ја кренат истата.

Бјорнсон подоцна потврди дека претрпел сериозна повреда поради која ќе мора да паузира неколку месеци од натпреварувањата.

Инаку, тој е сопственик на светскиот рекорд во „мртво“ кревање – 501 килограм, како и во – 440 килограми. Неговиот рекорд на пресот на клупата е 250 килограми.