СТРАШНИ ВЕСТИ ОД МИЛАНО: На Берлускони му е дијагностицирана леукемија

На поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) му е дијагностицирана леукемија , изјави денеска добро информиран извор за Ројтерс, а вчера италијанските медиуми објавија дека поранешниот шеф на „росонерите“ боледува од оваа болест.

Берлускони од средата се наоѓа на одделот за интензивна нега во болницата Сан Рафаел во Милано , откако имаше проблеми со дишењето.

Милијардерот и медиумски тајкун, кој четири пати беше премиер на Италија, во неколку наврати беше во лоша здравствена состојба во последните години и штотуку беше пуштен од болница минатата недела.

Тој имаше голема операција на срцето во 2016 година, како и рак на простата, и беше хоспитализиран неколку пати во изминатите неколку години откако се зарази со коронавирусот во 2020 година, според Ројтерс.