СТРАШНО – Објавена вознемирувачка аудио-снимка од ‘училницата на смртта’: “Некои ученици најпрво се смееја, а потоа започна целиот пекол!“

На Интернет е објавена и кружи вознемирувачка аудио снимка од една од училниците за време на вчерашниот масакр во училиштето на „Владислав Рибникар“ во Белград, Србија.

Снимањето започнало во моментот кога се слушаат првите истрели, но учениците се уште не знаат за што се работи. Некои од нив дури и се смеат, додека учителката ги смирува.

Седнете, седнете“, им вели учителката на децата кои на почетокот мислеле дека тоа се петарди а не истрели од огнено оружје. Но, набргу потоа, во ходникот се слушнале деца како врескаат и бараат помош.

Не е ништо смешно, навистина“, вели еден ученик, кој се слуша на аудио снимката, пишува Blic.rs

Истрелите продолжиле, а гласовите на децата кои молеле за помош стануваат сè погласни и поблиску до училницата каде што била направена снимката.

Ве молам помогнете“, се слуша глас на девојка од ходникот на аудио снимката.

Наставничката веднаш реагирала и ги замолила децата да не излегуваат од училницата: „Ве молам, не излегувајте. Ве молам, некој влезе со пиштол“.

Да потсетиме, претходниот ден околу 8 часот наутро се случи една од најголемите трагедии во Србија во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар

Министерството за внатрешни работи на Србија објави дека се убиени вкупно осум деца. Во училиштето се пронајдени телата на убиените ученици А.Б, Б.А и С.Н и обезбедувањето на училишната зграда Драган Влаховиќ. Учениците А.Д., К.М., М.А., А.Ч. и Е.К. биле убиени во училницата на приземјето.

Соседните медиуми објавија и дека Коста К. го планирал нападот речиси еден месец и дека имал список со деца што сакал да ги убие. Самиот се јавил во полиција и им кажал што направил, а кога полицијата го прашала дали е свесен што направил, тој рекол дека е психопат и дека убил меѓу осум и 25 луѓе.

сцени од пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград