Студентка од Албанија која студира во Турција, ја донира својата стипендија за погодените од земјотресот

„Мојата стипендија ја испратив за пријателите погодени од земјотресот. Како пријатели правиме мал придонес. [Стипендијата] Ја испратив во Хатај“

Амбра Цека, студентка од Албанија која студира на Универзитетот за медицински науки во Анкара, Туркије, стипендијата што ја добива од турската држава ја донира за лицата погодени од земјотресите кои се случија на 6 февруари во јужниот дел на Турција.

Цека во изјава за новинарот на АА истакна дека е длабоко погодена од земјотресот кој се случи во Туркије.

„Мојата стипендија ја испратив за пријателите погодени од земјотресот. Како пријатели правиме мал придонес. [Стипендијата] Ја испратив во Хатај“, рече Цека.

Потсетувајќи дека во Турција се наоѓаат и други студенти од Албанија кои не се вратиле во земјата за зимскиот распуст, Цека истакна дека и тие студенти обезбедуваат парични средства како и помош од друг вид, и покажуваат солидарност.

Собирањето на дел од помошта која во Албанија се донира за Турција е во координација на Здружението на дипломирани од Турција (ТУМЕД) со седиште во Албанија, како и на други здруженија.

Претседателот на ТУМЕД, Егерт Хаџиу, ја поздрави помошта која Турција ѝ ја пружи на Албанија по земјотресот во 2019 година кој се случи во Албанија, и рече дека затоа покажуваат солидарност со турскиот народ.

Хаџиу информира дека граѓаните донираат различни средства, пред сѐ ќебиња и облека, како и донација во парични средства.

„Добивме голема помош. Постојано нѐ бараат преку телефон и носат потребни нешта за деца и млади“, истакна Хаџиу.

Блина Јауплари, која донира средства за погодените од земјотресите во Турција, рече: „Било облека било средства за хигиена, луѓето се обидуваат да дадат помош на секаков можен начин.“