СТУДЕН ТУШ ЗА “ГОТВАЧОТ”!? “Евгениј, честитки, го поставивте знамето на Вагнер во центарот на Бахмут, но знаете што, вие сте опкружени”!?

Вагнер, озлогласената приватна платеничка група основана од Евгениј Пригожин, ќе се соочи со „катастрофа“ во Украина следната недела бидејќи нејзините сили се опкружени со украински борци во Бахмут, тврди пензионираниот генерал на американската Армија, Марк Хертлинг.

Претседателот на РусијаВладимир Путин ја започна својата т.н. „специјална воена операција“ врз Украина во февруари минатата година со цел брза победа. Сепак, по повеќе од една година воени дејства, борбите сè уште се концентрирани во најисточните региони на земјата, бидејќи руските вооружени сили се борат со бројни внатрешни проблеми, вклучувајќи го и недостатокот на мотивирани војници, пишува весникот Newsweek.

Во исто време, битката за Бахмут, во регионот на Доњецк, доминираше во динамиката на војната во последните месеци.

Борците од групата Вагнер се бореа заедно со руските редовни сили во Бахмут со надеж дека ќе му донесат симболична победа на Владимир Путин по неколкумесечна стагнација на бојното поле. Претходно, се веруваше дека оваа паравоена организација ја менува ситуацијата на бојното поле во корист на Кремљ, но месеците интензивни и крајно крвави борби за Бахмут донесоа нејасен резултат и за властите во Москва и во Киев.

Во саботата, Евгениј Пригожин прогласи победа во Бахмут, објавувајќи видео на социјалната мрежа Телеграм во кое вели дека неговите трупи ја презеле целосната контрола врз градот. Сепак, Украина го отфрли тврдењето, инсистирајќи дека во градот имало тешки борби и дека нејзините сили сè уште ги контролираат клучните аспекти од разрушениот град.

Украина ги објави најновите информации за Бахмут во неделата, при што Олександар Сирски, командантот на украинските копнени сили, кажа дека украинските сили се приближуваат кон „целната област“ на градот.

Во меѓувреме, Марк Хертлинг, кој служел како командант на Армијата на Соединетите Американски Држави во Европа и со седмата девизија на Армија на САД, одговори на најновиот извештај за Украина од неделата попладне со предупредување за Евгениј Пригожин.

Како што многумина од нас имаат кажано многупати, Евгениј Пригожин не е професионален војник, а не се ниту неговите борци“, напиша Марк Хертлинг во објава на социјалната мрежа Твитер и додаде: “Честитки, Евгениј, го поставивте знамето на Вагнер во центарот на градот но, вие сте опкружени“.

Тој, исто така, наведува дека неодамнешните случувања доаѓаат по пет месеци „катастрофа“ за силите на Евгениј Пригожин и верува дека тоа ќе продолжи и во текот на следната недела, бидејќи Украина и Вагнер ќе продолжат да се борат за контрола на Бахмут.

Градот на крајот стана едно од најинтензивните боишта во руско-украинската војна, при што САД претходно овој месец процениле дека 20.000 руски војници биле убиени во градот во период од пет месеци.

Институтот за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон, во извештајот во неделата соопшти дека деловите на Бахмут контролирани од групата Вагнер „не се тактички или оперативно значајни“, додавајќи дека неговите аналитичари не виделе геолокацирани снимки кои ги потврдиле тврдењата за победа на борците на Вагнер.

Претседателот на УкраинаВолодимир Зеленски во саботата навечер ги информираше медиумите за Бахмут. Тој кажа дека руските вооружени сили и силите на групата Вагнер „уништиле се“ во градот, но не потврди дали Русија ја презела контролата врз градот во регионот на Доњецк.