СУПЕРСОНИЧЕН ПРОЕКТИЛ – Русите тестираа ново моќно оружје и се пофалија со видеа и фотографии: “Успешно…“ (видео)

Руската морнарица истрела суперсонични против-бродски ракети врз лажна цел во Јапонското Море, соопшти во вторникот Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Во водите на Јапонското Море, ракетните бродови на Пацифичката флота истрелаа крстосувачки ракети од типот Moskit врз лажна непријателска морска цел“, објави Министерството за одбрана на Русија на својот профил на социјалната мрежа Телеграм.

Министерството за одбрана на Русија прецизираше дека целта, која се наоѓала на оддалеченост од околу 100 километри, била успешно погодена со директен удар од две ракети Moskit.