СЦЕНА ЗА ПАМЕТЕЊЕ КОЈА МНОГУМИНА ЈА ПРОПУШТИЈА: Ноле погледна кон небото, па со ЧУДЕСНИ ЗБОРОВИ му изрази благодарност на Бога! (ВИДЕО)

Верата во Бог му помогна на Новак да ги надмине здравствените предизвици и да ја постигне својата цел.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по 10-ти пат во кариерата го освои Австралија опен, откако во финалето го совлада Стефанос Циципас со 6:3, 7:6, 7:6. Штом го постигна победничкиот поен на натпреварот, Новак најпрвин погледна во небото и на крајно трогателен начин му изрази благодарност на Бога.

„Ти благодарам, Господи Боже, ти должам сè, ти должам сè, ти си тука во моето срце“, беа првите зборови што ги изговори Новак гледајќи во небото!

Новак често ја нагласува својата вера во Бог и отворено зборува за тоа колку му е важна. За време на турнирот, тој откри дека силно ја почувствувал „Божјата интервенција“ која му помогнала да ги надмине здравствените предизвици со кои се бореше од почетокот на турнирот.