СЦЕНА од НАТПРЕВАРОТ во Ла Лига ги запрепасти гледачите, ИГРАЧОТ НА БАРСА ИСЧЕЗНА ОД ПРЕНОСОТ (ВИДЕО)

Гледачите на натпреварот помеѓу Бетис и Барселона беа изненадени од ситуацијата во која фудбалер Роналд Араухо по еден старт целосно исчезна од ТВ преносот.

Се играше 80. минута од натпреварот помеѓу Бетис и Барселона кога исчезна Араухо. Откако напаѓачот на Бетис, Вилијан Хозе го совлада во еден дуел, Уругваецот заврши во рекламите, но во еден момент целосно исчезна од ТВ преносот.

Неговото тело прво трепереше, пред да стане целосно невидливо. Оваа сцена ги остави телевизиските гледачи во страв.

Набрзо пристигна објаснување. Причината поради која Араухо исчезна од ТВ преносите беше поради технологијата.

Слична сцена се случи неодамна на ремито помеѓу ПСЖ и Ремс кога главата на Серхио Рамос исчезна од ТВ преносот.