ТАА ЈА ПРОДОЛЖИ КАРИЕРАТА- Манекенка на која лице и беше ‘уништено’ со киселина од бившиот сега храбро позира пред камерите (ФОТО)

Италија пред шест години ја растажи веста за водителката и манекенка Гесика Нотаро, која во тоа време ја чекал нејзиното момче пред нејзината куќа и ја полил со киселина. Несреќната Гесика потоа се здобила со тешки повреди на лицето и очите, а прашање било дали некогаш ќе и го врати видот.

Таа помина два месеци во болница во Римини, затворена во многу строги услови. Пред нападот беше една од најубавите жени во Италија, но тврди дека не жали за својот изглед. „Додека киселината ме гризеше по лицето, го молев Бога да ми ја земе убавината, но да ми го остави видот“, рекла Гесика која го изгубила видот на едното око.

Таа го запознала телохранителот Хорхе Едсон Таварес, со кого била во врска три години, додека работеле на шоу со животни во аквариум во нејзиното родно Римини, а раскинале во август 2016 година. 

Гесика неодамна сподели дека тој настан од 2017 година и го променил животот засекогаш. Таа вели дека затоа станала голем борец за правата на жените. Покрај тоа, Џесика не се откажала од кариерата. Таа беше подложена на реконструктивна операција и сè уште учествува на модни ревии и позира за списанија.

Таа е популарна и на Инстаграм, каде ја следат 412.000 луѓе. Судејќи по нејзините објави на социјалните мрежи, Гесика по Хорхе си најде ново момче со кое е во врска подолго време. Таа неодамна му посвети емотивна објава на Инстаграм.

„Ти си мојата светлина, мојот живот, мојот најдобар пријател, личноста која најмногу ја почитувам на светот и најубавото момче што би можела да го посакам. Среќни сме во овие моменти додека сонуваме за нашата заедничка иднина“, напиша Гесика на социјалните мрежи и често објавува свои фотографии и фотографии од снимањето.