ТАЖНА ВЕСТ – Шпанија во солзи: Почина легендата на Барселона и на ‘Црвените фурии’

Легендарниот шпански фудбалер Хосеп Марија Фусте и легенда на фудбалскиот клуб Барселона, почина во четвртокот на 83-годишна возраст.

Поранешниот фудбалер од средниот ред беше европски шампион со Шпанија во 1964 година, кога Шпанија во финалето го совлада Советскиот Сојуз.

Тој помина 11 сезони во фудбалскиот клуб Барселона, играјќи за познатиот клуб од 1962 до 1972 година.

Со каталонскиот клуб освои три трофеи од „Купот на кралот“ и два купа на шпанската лига.

За Барселона тој настапил на 406 натпревари и постигнал 117 гола.

Во својата кариера играше и за Херкулес и Осасуна.