ТАЛЕНТИРАН КАКО ТАТО: Најстариот син на Леброн Џејмс растури на средношколски Ол-стар натпревар (ВИДЕО)

Брони Џејмс , најстариот син на познатиот кошаркар Леброн Џејмс , одигра одличен Ол-стар натпревар од средношколската лига.

Тој постигна 15 поени за тимот на Запад, кој беше поразен од Истокот со 109:106.

Млад 18-годишен кошаркар игра за средношколскиот тим на Сиера Кенион.

На крајот од оваа сезона, Брони ќе ја продолжи кариерата во колеџ лигата NCAA, а се очекува да заземе видно место на драфтот во НБА во 2024 година.

Неговиот татко, четирикратен НБА шампион, во февруари стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување.