ТАМАРА МИЛУТИНОВИЌ 18 ДЕНА НЕ МУ ОДГОВOРИЛА НА ФУДБАЛЕРОТ НА ПОРАКА, А СЕГА СЕ ВЕРЕНИ: ВАКА ТОЈ ИЗГЛЕДА, СИТЕ ГО ЗНААТ

Кога Сања Маринковиќ ја прашаа како би се однесувала кога би имала додворувач и дали е потребно жената секогаш да има некого во резерва, популарната пејачка одговори.

Во емисијата Magazin in на авторката и водителка Сања Маринковиќ, за калкулации во врска или брак проговори и младата пејачка Тамара Милутиновиќ . Таа со гордост изјави и дека неодамна се верила и го покажа свршеничкиот прстен кој блескаше на нејзината рака.

Таа се надоврза на темата на шоуто и рече дека сега веќе не калкулира во врската со нејзиниот иден сопруг, фудбалерот Дарко Јевтиќ и дека кога љубовта е вистинска, нема потреба од тоа.

– Се верив пред две недели и првпат во животот нема калкулации. Од самиот почеток на таа врска знаев дека вака ќе заврши, само двајца се пронаоѓаат и веднаш го чувствуваш тоа, изјави пејачката.

На прашањето на Сања Маринковиќ како би се однесувала кога би имала додворувач и дали е неопходно жената секогаш да има некој во резерва, популарната пејачка одговори:

– Јас не сум таква жена. Мислам дека не е во ред да има некој во резерва. Од страв не би си дозволила таков луксуз. Не сметам дека додворувач е некој што само ти дава комплимент. Тоа е дозволено и јас го прифаќам тоа, изјави Тамара.

Таа откри дека на почетокот на комуникацијата со Дарко се обидела да го избегне бидејќи во тој момент се уште се пресметувала:

Мораше да ме освои и да се потруди. 18 дена не му одговорив на една од пораките бидејќи се плашев да не стапам во врска со фудбалер. Можам само да замислам што правел во сите тие денови и со кого се допишувал – низ насмевка изјавила пејачката, а вака изгледа нејзиното момче:

Дарко Јевтиќ, спорт, фудбал