Тато, ти си мојот херој! Русинот кој беше осуден поради цртежот на неговата ќерка избега од притвор, таа му испрати порака! Пригожин веднаш се огласи! (ФОТО)

Татко од Русија, кој беше испрашуван од полицијата откако неговата ќерка Маша нацрта антивоен цртеж на училиште, во вторникот е осуден на две години затвор.

Сепак, локацијата на осудениот Алексеј Москаљов не е позната. Судот соопшти дека тој избегал од домашен притвор.

Алексеј е разделен од својата ќерка Маша (13) откако претходно овој месец беше ставен во домашен притвор, а таа беше преместена во дом во нивниот роден град Јефремов, јужно од Москва.

Случајот предизвика бес кај руските активисти за човекови права и доведе до онлајн кампања за повторно обединување на таткото и ќерката.

Адвокатот на таткото, Владимир Билиенко, рече дека не го видел својот клиент од понеделникот и дека не знае кога Алексеј побегнал.

„Да бидам искрен, шокиран сум во овој момент“, изјави тој за Ројтерс.

Тој рече дека ќе се жали на пресудата и дека Маша за тоа време ќе остане во домот.

Билиенко ја посети Маша дома во вторникот и излезе со цртеж што го наслика за нејзиниот татко.

Тато, ти си мојот херој“, пишува на писмото што Маша му го упатила на нејзиниот татко.

Евгениј Пригожин, основачот на групата Вагнер, која се бори на страната на Русија во Украина, ја нарече пресудата неправедна и побара таа да се преиспита.

„Особено иритира фактот дека неговата ќерка Маша ќе биде принудена да расте во сиропиталиште“, напиша Пригожин во писмото до обвинителот и објавено на платформата Телеграм на неговата прес-служба.

Во заедничката жалба со адвокатите поврзани со Вагнер, Пригожин повика на адвокатите да им се дозволи да работат за бранителот.

,,Ние водиме војна против злото заради иднината на нашите деца“, рече Пригожин.

Алексеј беше осуден поради коментарите што ги објави на интернет во врска со војната во Украина. Сепак, истрагата започна откако неговата ќерка Маша нацрта слика на руски проектили кои паѓаат врз мајка и дете од Украина во април минатата година, што го натера училиштето да повика полиција.

Цртежот го содржеше украинското знаме со зборовите „Слава на Украина“ и руското знаме со зборовите „Не на војната“.

Полицијата почна да ја истражува активноста на Алексеј на социјалните мрежи и тој првично беше казнет со 35.000 рубљи (околу 500 евра) поради критички коментари кон руската војска.

Во декември, истражителите отворија друг случај против него поради сомневање за дискредитација на вооружените сили, овој пат врз основа на објава на социјалните мрежи во јуни.