Тајните служби на Велика Британија ги објавија најновите податоци: “Ова е вистинската ситуација во Бахмут! Украинците се во голема опасност…“

Источниот дел на украинскиот град Бахмут сега е претежно под контрола на руските платеници од групата Вагнер, но западниот дел од градот сè уште го држи украинската армија, објавија денес британските разузнавачки служби.

Реката Бахмутка, која минува низ самиот центар на градот, сега е линијата на фронтот, објави во саботата Министерството за одбрана на Велика Британија на социјалната мрежа Твитер, повикувајќи се на најновите разузнавачки информации.

Украинските одбранбени сили ги уништија мостовите на реката која тече низ отворен простор широк од 200 до 800 метри. Британците тврдат дека Украинците отвораат оган од утврдените згради и дека на борците на Вагнер им е многу тешко да продолжат со директен напад на западниот дел на градот.

Британците, сепак, укажуваат дека украинските сили и нивните линии за снабдување се загрозени од прстен од север и југ, а Бахмут би можел да биде опколен од руските сили.

Министерството за одбрана на Велика Британија од почетокот на војната објавува дневни извештаи за ситуацијата на бојното поле. Москва го обвинува Лондон дека води кампања за дезинформација.