ТЕНЗИИ ВО ИЗРАЕЛ – Тројца војници и египетски граничар загинаа во престрелка долж границата

Во вооружен напад на југот на Израел долж египетската граница, денеска загинаа тројца израелски војници и еден египетски граничари, потврдија официјални лица од двете страни.

Потполковник Ричард Хехт, портпарол на израелската армија, кажа дека конфликтот започнал во текот на ноќта кога војниците спречиле обид за шверц на дрога преку граница. Неколку часа подоцна, двајца војници на стражарското место беа убиени. Нивните тела биле пронајдени по пукањето.

Еден египетски граничен чувар загина во друга размена на оган, во која загина и трет израелски војник. Египетската војска соопшти дека египетски граничен чувар ја преминал граничната безбедносна бариера и разменил оган со израелските војници додека биле во потера по шверцери на дрога.

Во соопштението на египетската армија, потврдено е дека Египќанецот е убиен заедно со тројца израелски војници.