Тензично лондонско дерби: Навивач на Вест Хем нокаутира фан на Челзи (ВИДЕО)

Навивачите на Челзи не беа задоволни од ремито на гости кај Вест Хем, но еден од нив доби ќотек пред да започне тој натпревар.

Пред градскиот дуел на „Лондонскиот стадион“ дојде до конфликт меѓу навивачите на двата тима, во кој предност доби еден навивач на „сините“. Тој претходно исмеваше противнички навивач кажувајќи му колку години има:

– ,,Имаш 50 години” – му викна.

Потоа следеше жесток удар кој го нокаутираше помладиот ривал.

Навивачот на Вест Хем покажа вистински боксерски вештини додека навивачот на Челзи заврши на подот.

„Дејли мејл“ објави дека напаѓачот е уапсен, додека навивачот на Челзи останал без неколку заби и повредена и крвава глава.