ТЕШКО ПОВРЕДЕН скопјанец, со „порше“ излетал од коловоз

Околу 20:10 часот синоќа на автопатот Куманово – Скопје во атар на кумановското село Романовце, патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот скопјанец В.С., излетало надвор од коловозот, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– По несреќата, В.С. бил пренесен во Ургентен центар – Куманово, каде од лекар му е констатирана тешка телесна повреда, појаснуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР – Куманово.