Томас Тухел се враќа во Бундес-лигата! Официјално потпиша договор со Баерн Минхен до 2025 година

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен штотуку објави дека е потпишан договор со новиот тренер Томас Тухел.

Договорот е потпишан до 30. јуни 2025 година.

Тухел на клупата на Баерн доаѓа наместото младиот колега Јулијан Нагелсман, кој беше (не)очекувано сменет во четвртокот.

Поранешниот тренер на Мајнц, Борусија Дортмунд, Пари Сен Жермен и Челзи се враќа во Бундеслигата, а на клупата на новиот тим ќе дебитира по репрезентативната пауза, против „Милионерите“ на 1. април на „Алијанц Арена” во големото дерби на првенството.

Сепак, најголемиот тест го чека во четврт-финалето на Лигата на шампионите, каде Баварците ќе ги одмерат силите против Манчестер Сити.