Торонто домаќин на Ол-стар викендов во НХЛ во 2024

Раководството на Националната хокеарска лига (НХЛ) одлучи канадскиот град Торонто да биде домаќин на Ол стар викендот во 2024 година.

Одлуката беше донесена за време на годинешниот Ол стар што се одржа во Форт Лаудердал на Флорида.

Торонто по деветти пат ќе го организира Ол стар викендот во најсилната хокеарска лига во светот, а прв пат од 2000. година.

Последниот хокеарски Ол стар во Канада се одржа во 2012 година во главниот град Отава.