Торта без јајца: Евтин и вкусен десерт кој секој пат успева

Кога ќе ви снема јајца во фрижидерот, а сакате да јадете нешто благо, оваа торта е вистинскиот избор бидејќи сигурно ги имате сите состојки дома.

Доколку сте љубители на фини колачи со вкус на чоколадо, еве еден навистина одличен рецепт кој дефинитивно не смеете да го пропуштите. Чоколадната фантазија позната и како Црнец без јајца е една од оние колачи што се прават за уживање.

Потребни состојки:

  • 400 мл јогурт
  • 200 гр шеќер
  • 300 гр брашно
  • 120 мл сончогледово масло
  • 30 гр какао
  • 2 лажици сода бикарбона

за глазура:

  • 150 гр путер
  • 150 гр црно чоколадо
  • 100 гр шеќер
  • 100 мл млеко

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 185 степени. Во сад се ставете јогурт, брашно, шеќер, масло, какао и сода бикарбона и измешајте ги со електричен миксер 2 до 3 минути за да се добие мазна смеса.
Истурете ја во плех со димензии 20х30 см, кој сте го премачкале со малку масло и сте го посипале со брашно за да не се залепи бисквитот. Печете 20 до 25 минути.

Растопете го путерот на пареа, а потоа додадете ја ситно сечканата чоколада и мешајте додека целосно да се растопи. Додадете шеќер и млеко и матете со жица додека не добиете изедначена смеса.

Изладениот колач прелијте го со чоколадната глазура.