„ТОЈ Е ИДЕАЛНИОТ МАЖ “: Се шири старо видео во кое Путиновата Алина зборува за љубов (ВИДЕО)

Се појави видео на кое Алина Кабаева, поранешната руска гимнастичарка и наводна љубовница на Владимир Путин, зборува за човекот кој го освои нејзиното срце. Таа го опиша како „совршен маж“, а многумина поради нејзините изјави заклучија дека тоа е рускиот претседател, пишува Дејли Мејл.

Алина била интервјуирана на телевизија пред 15 години од ученици. Таа тогаш имала 24 години, се сметаше за најбарана жена во Русија, а Путин, кој сега има 70 години води сурова војна, тогаш имал 55 години. Алина беше прашана дали го запознала својот „совршен маж“

Таа со насмевка призна дека го сторила тоа. “Рековте дека имате момче? Зошто не брзате да се омажите за него, дали се плашите од среќа? Кој е тој?” прашала една девојка. „Добро си помислила на ова прашање, браво“, се насмеа Алина. „А кој е тој? прашал друг ученик.

“Човек, прекрасен човек, голем човек. Многу го сакам”, изјави поранешната гимнастичарка. Таа потоа откри дека му купила „убав палто од Алјаска, со крзно“ како подарок. Интересно е што набргу потоа е виден како Путин носи таков капут.