Трагична исповед на жена која го загубила својот сопруг – пронашла поклон кој никогаш не го добила: “Кога видов што ми оставил тој, ми се промени животот засекогаш!“

По смртта на нејзиниот сопруг, една жена пронашла нешто што засекогаш и го променило животот, а сега се прашува дали е среќна или тажна поради тоа, пишува Daily Mail.

Полицата висела во еден плакар без врата во нејзината трпезарија. Тоа било еден од проектите за подобрување на нивниот дом што нејзиниот поранешен сопруг го реализирал додека тој сè уште бил жив.

Била поставена полица за децата и биро за неа. Таа ја преполнила полицата со упатства, застарени учебници и книги кои биле дел од списокот за читање на децата што планирале повторно да ги читаат. Полицата била уредна, но гледајќи во неа, таа се прашувала кога последен пат ја користела или ја преуредила истата.

Таа извадила неколку книги, ги прелистувала подолго отколку што требало и ги стави на трпезариската маса во нејзиниот дом. Таа во една книга пронашла и плико од лаванда.

Таа го подигнала истото а не него немало име, адреса, ниту заштитен знак, и од љубопитност го отворила писмото. Многу сценарија на оваа жена и паднале на памет…

На надворешната страна на писмото имало мало животно од цртан филм што не можела да го препознае. На него пишувало: „Прости“, а во писмото го најдела ракописот на нејзиниот мртов сопруг. Првите зборови биле поздравување и барање прошка.

Сопругот починал две години по нивниот развод. Таа му простила за сите негови престапи, за неа и за доброто на децата додека тој бил жив, и била благодарна за тоа. Тие одржувале здрава дистанца и блискост за доброто на децата.

Таа мислела дека писмото можеби е напишано додека тие сè уште биле во брак и се обидувале да го спасат истиот. Во писмото починатиот споруг се извинил, а таа тврдела дека тоа не било признание – тоа било молба.

Тој пишувал за нивната долга историја, нивната иднина и нивната желба нивното семејство да преживее. Семејството сепак преживеало, иако не онака како што некој од нив замислувал и сакал. Нивните деца се возрасни и напредуваат и покрај загубата. Со оглед на околностите, таа е сигурна дека тој токму тоа и би го сакал.