ТРАМП: “Јас би можел да ја решам ВОЈНАТА во Украина ЗА ЕДЕН ДЕН”

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, говорејќи на годишната конференција на конзервативните лидери CPAC, рече дека може да ја реши војната во Украина за само еден ден.

Трамп планира повторно да се кандидира за претседател на САД. CPAC се смета за клучен настан за републиканските претседателски кандидати.

„Брзо ќе ја решам војната во Украина“
Во опширниот говор кој опфати повеќе теми, Трамп изјави дека ќе ја запре руско-украинската војна која трае повеќе од една година и во која загинаа илјадници луѓе.

„Пред да стигнам до Овалната соба, би ја решил катастрофалната војна меѓу Русија и Украина. Брзо би се решила. Нема да ми треба повеќе од еден ден. Знам точно што да им кажам и на Зеленски и на Путин. “, рече Трамп.

Тој продолжи со нагласување колку добро се согласуваат тој и рускиот претседател Владимир Путин. „Со Путин се согласувам многу добро, иако јас сум тој што го заврши неговиот гасовод. Запомнете дека рекоа „Трамп ѝ дава многу на Русија“. Путин ми рече „Ако си мој пријател, би мразел да те гледам како мој непријател“, рече Трамп за време на говорот.

„Лесно ќе ја спречам третата светска војна“, додаде тој.