ТРАНСФЕР БОМБА !? Сензационален потег на повидок! Челзи нуди огромна сума на пари за дијамантот на Барселона

Се креира приказната која би можела да стане реалност летово, барем кога се во прашање трансферите на фудбалери. 

Вундеркиндот на Барселона Гави, добитник на наградата „Златно момче“ на ФИФА за најдобар млад играч минатата година, е на мета на лондонски Челзи. Дека тоа не се само обични приказни, гласини и шпекулации, потврдува утринскиот текст во шпанскиот весник As.

Според новинарот Ману Саинц, претседателот на лондонските сини, лудо богатиот и не-штедлив Американец Тод Боли е подготвен да стави бела хартија пред Гави, неговиот менаџер и некогаш познат играч Иван Де Ла Пена и родителите на играчот. На неа ќе треба да напише само една бројка, а тоа е годишната плата во Челзи од 1. јули годинава.

Нема да има обештетување кон Барселона. Договорот на Гави, кој го потпиша уште во септември 2020 година, додека беше член на Академијата на клубот, истекува еден ден порано. Онаа што ја потпиша минатата година, не важи до 2026 година. Затоа, пред Боли и раководството нема ништо друго освен да го убеди 18-годишниот играч од средниот ред дека Челзи е најдобар за него во иднина.

слика
Гави

As пишува за тоа како се подготвени да му понудат на играчот една од највисоките плати во Премиер лигата. Сето тоа, доколку играчот беше под подолг договор, ќе требаше да им платат и обештетување, а сега наместо тоа тие се подготвени да инвестираат во договорот на играчот. А самиот Гави ќе треба да одлучи – љубов кон Барселона или пари…